| четврток, 6 декември 2018 |

Внимавајте: За време на викендот многу топло, до 42 степена

До четврток подрачјето на Македонија ќе биде под влијание на стабилна и многу топла воздушна маса, што ќе услови да продолжи периодот на претежно сончево, многу топло и суво време. Во поголем дел од земјава максималната температура ќе достигнува повеќе од 35, а на места по Повардарието ќе надминува 40 степени, соопшти УХМР.

Најтопло се очекува да биде за време на викендот, кога максималната температура во земјава ќе достигне и 42 степена. Од понеделник во попладневните часови ќе има појава на умерена локална облачност. УВ-индексот и натаму ќе биде многу висок, со вредност 9.

Според прогнозираната температурА во наредните денови повеќе региони од земјава ќе бидат во портокалова фаза во однос на опасноста од висока температура.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top