Во Црна Гора на подрачјето на Националниот парк „Проклетие“ и понатаму се активни пожари, чиешто гаснење е отежнато поради непристапен терен.
Според државната телевизија РТЦГ, пожарите што беснеат од вчера ги зафатиле Хрид и Рибљак.
Пожарот на плнината Динара, на границата меѓу БиХ и Хрватска, сè уште е активен, а огнетата линија што е долга повеќе од четири километри претставува закана за шумата, соопштија официјални лица.
Покрај тој пожар, во Херцег-босанската жупанија активен е пожар и на подрачјето на општина Босанско Грахово. Пожар има и во општината Гламоч и поради исклучително непристапни и минирани терени, пожарите на двете локации можно е да се изгаснат само од воздух, поради што е побарана помош од армијата на БиХ.
Во Грција властите евакуираат две општини јужно од Атина поради голем шумски пожар.
Огнот во областа Лагониси го гаснат повеќе од 40 пожарникари со 20 возила и два хеликоптера.
Локалните медиуми јавуваат за полесно повредени тројца пожарникари.
Албанија се наоѓа во критична ситуација поради пожарите од големи размери, кои беснеат на нејзина територија.
Според Министертвото за надворешни работи, шефот на албанската дипломатија Дитмир Бушати контактирал со неговиот грчки колега, од кого побарал да упатат авиони за гаснење на пожар. Ветено било дека два авиона од островот Крф ќе полетаат за да им помогнат на албанските пожарникари.
Бушати побарал помош и од италијанскиот колега Анџелино Алфано, кој исто така ветил дека во текот на денов кон Албанија ќе полетаат авиони за гаснење пожари.
Моментно активни се најмалку 15 големи пожари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст