| четврток, 6 декември 2018 |

Таравари ќе ги реформира најуспешните реформи во здравството

Укинување на приоритетниот упат и воведување итен упат, е опција која ја најави министерот за здравство Арбен Таравари на средба со новинари.

Според него, голем број приоритетни упати се злоупотребуваат. Итен упат ќе може да се издаде само за фиксни дијагнози, како што се на пример мозочен удар, тумор на мозок, посериозни компликации.

Осврнувајќи се на Националниот систем за електронски евиденции во здравството МојТермин, Таравари информира дека ги добиле предлозите од сите клиники за времетраење на прегледот. Во следниот период таму каде треба ќе се зголеми времетраењето на прегледот.

Во врска со одржување на хигиената во скопските клиники и хируршките сали, рече дека се разгледува можноста за ангажирање надворешни фирми за нивно чистење.

„Дел од средствата ќе ги покрие Министерството за здравство, а дел самите клиники. Ако тоа е успешно во следните три четири месеци, тогаш ќе воведеме, како критериум, ФЗОМ буџетот што го дава на клиниките за хигиена да го пренасочи и хигиеничарките да се вработат во тие фирми, што е услов ако сакаат да склучат договор со Министерството. Одговорноста за целата хигиена во клиниките да биде на тие фирми“, појасни министерот за здравство Арбен Таравари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top