Европската иднина на Полска денес е под прашање. Ги разбирам чувствата на Полјаците, кои стравуваат за судовите и за иднината на земјата во Европска унија, истакна претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, кој е поранешен полски премиер.
Владата на Туск и центристичката партија Граѓанска платформа беше на власт осум години, а во 2015 година беше заменета од конзервативната популистичка партијата Право и правда, предводена од Јарослав Качински, брат близнак на загинатиот претседател Лех. Тој се залага за воведување на радикални реформи.
Дел од јавноста во Полска смета дека судскиот систем е корумпиран и наликува на тој од комунистичката ера, додека други оценуваат дека реформите на Право и правда се обид за зацврстување на власта, со кои се нарушуваат демократските норми.
– Има многу прашања за кои постапките на полската Влада изгледаат многу противречно од гледна точка на ЕУ, а понекогаш вклучително и на Будимпешта, истакна Туск.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст