| четврток, 6 декември 2018 |

Заев го враќа долгот – Ден Дончев директор на Фондот за здравство?!

Ден Дончев е најблиску да стане нов директор на Фондот за здравствено осигурување, објави А1 он.  Од сите кандидати тој најдобро котирал кај раководството на СДСМ за прв човек на една од најбогатите државни институции која се уште ја раководи кадарот на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Стефановски.

Дончев е присутен во земјава пред секои избори, а најголем дел од времето во последниве години го помина во Австралија каде и што живее. Последен пат се појави како кандидат на коалицијата “ВМРО за Македонија“ во првата изборна единица кога беше и шеф на изборниот штаб на коалицијата.

 Дончев беше клучниот сведок на одбраната на Зоран Заев, во судскиот спор со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Но судот не го прифати неговото сведочење. Дончев беше и директор на Македонски Телеком до 2001 година, а беше и поранешен генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ. Сега Заев го враќа долгот кон Ден Дончев, поставувајќи го на директорско место во Фондот за здравство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top