Јавното комунално претпријатие Тетово од ноќеска половина час по полноќ ќе започне со два и пол часа рестрикции во водоснабдувањето, информира Јавното комунално претпријатие.
Оваа одлука е донесена со цел подеднакво снабдување со вода за пиење на сите граѓани во сите населби на градот, а рестрикцијата ќе трае од 00:30 до 3 часот.
Главна причина за рестрикцијата е слабиот прилив на водата за пиење во градските резервоари и нерационално користење на водата од страна на граѓани, соопштија од ЈКП Тетово.
Според нивните податоци, количината на прилив на водата за пиење во резервоарите од планинските извори во моментов изнесува 340 литри во секунда додека Тетово има потреба од околу 500 литри во секунда.
Поради високите температури во последните денови од ЈКП Тетово апелираат до граѓаните за рационално користење на водата за пиење бидејќи, како што стои во соопштението, само така нема да има недостиг на вода за пиење во горните населби во градот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст