| четврток, 6 декември 2018 |

Лавдрим Мухаџери е убиен на 7 јуни во Сирија

Коалициските сили предводени од САД потврдија денеска дека еден од командантите на Исламска држава, косовскиот Албанец Лавдрим Мухаџери, е убиен во Сирија.

– Муџахери е убиен на 7 јуни во воздушен напад во близина на Мајадин, во источниот дел на Сирија. Тој беше Албанец од Косово и самопрогласен лидер на странските борци на ИД од Косово, изјави портпаролот на коалициските сили, полковник Рајан Дилон.

Тој нагласи дека Муџахери бил „најпознат и најрадикален албански борец“ во Сирија, одговорен за поттикување на џихадистичката идеологија во Европа и охрабрување на странските борци да дојдат на територија која е под контрола на ИД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top