| четврток, 6 декември 2018 |

Совети од ФФМ за Суперкупот: Наполнети ги батериите од телефоните, ќе правите уникатни фотки

Се одбројува ситно до почетокот на спектаклот во Скопје, УЕФА Суперкупот кој се игра во вторник, 8. август на Арената „Филип Втори“, Фудбалската федерација на Македонија излезе со неколку корисни совети.

Во вторник на преполната арена „Филип Втори“ ќе истрчаат екипите на Манчестер јунајтед и Реал Мадрид и ќе се борат за првиот пехар оваа сезона.

ФФМ излезе со совети за оние кои ќе присуствуваат на големиот натпревар. Соопштението ви го пренесуваме во целост:

„Остануваат уште неколку дена до Супер Куп натпреварот. Сите со нетрпение го очекуваме. Но, токму за да уживаме во него и да претставува празник, Фудбалската федерација на Македонија посветува внимание на неколку корисни моменти.

Планирајте на натпревар да дојдете најмалку еден час и 30. минути порано со цел побрзо и поедноставно да дојдете до вашето седиште. По можност избегнувајте транспорт со автомобил, или пак истиот паркирајте го на поголема оддалеченост од Националната арена „Филип Втори“. Веројатно е повеќе од неопходно да ги наполнете батериите на вашиот мобилен телефон, бидејќи ќе имате можност да направите уникатни фотографии и видео материјали кои ќе ви останат за цел живот. Очигледно дека времето ќе биде топло, така што предходно добро освежете се и секако на полувреме планирајте дополнителен пијалок со пријателите (стадионот е опремен со доволен број на штандови за храна и пијалоци кои ќе ви бидат на располагање).  Ако сакате цел ден да ја почувствувате фудбалската треска многу порано во текот на денот приклучете се на фан зоните на клубовите. Навивачите на Манчестер се собираат околу споменикот на „Мајка Тереза“, додека на Реал Мадрид ќе бидат на плоштадот „Филип Втори“.

На 8. август дефинитивно ќе се слави фудбалот, а Скопје, Македонија ќе бидат центарот на светската спортска јавност.

Фудбалот обединува и носи радост, затоа и толку го сакаме.“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top