| четврток, 6 декември 2018 |

Грција ја обвинува Македонија дека ја прекршила привремената спогодба од 1995 година

Грција ја обвинува Македонија дека ја прекршила привремената спогодба од 1995 година. Официјална Атина се огласи по скандалот за време на јуниорското европско првенство за ракомет, кое грчките ракометарки демонстративно го напуштија откако тренерите на македонските јуниорки излегоа на теренот во дресови со државното име Македонија. Ова според Атина било провокација и уште еден во низата обиди за прекршување на привремената референца.

–  Според привремениот договор од 1995 година, ПЈРМ може да се приклучи на меѓународни организации само под нејзиното привремено име. Уште еднаш сведочиме дека ПЈРМ, по добивањето на членство во меѓународна организација, се обидува да го прекрши привремениот договор и да учествува под нејзиното уставно име “, се вели во писмената реакција на грчкото МНР
Дека Скопје се претвори во рана за целиот Балкан како што велат грчките медиуми покажува и фактот што ако на Грција и смета името Македонија, на Бугарија пак и смета името Северна Македонија, затоа што се поврзува со Пиринска Македонија. Шефот на бугарската дипломатија во интервју отворено се спротивстави на каков било предлог за решение на спорот со уставното име кое би содржело географска одредница:
 Екатерина Захариева бугарска вицепремиерка и шеф на дипломатија – Бугарија, како своја желба, посакува решението за прашањето на името да не биде поврзано со Северни географски поими, бидејки, така или онака во Бугарија исто има Пиринска Македонија. Мислам, дека има добронамерност кај сите Влади. Зборувавме со мојот колега во Грција – Г-дин Коsиас, зборував со Г- от Димитров и силно се надевам дека ние политичарите  се научивме да правиме компромиси, бидејки политиката, подпишувањето на договори, решавањето на спорови се и компромиси и на двете страни.
 Дека реакциите околу Македонија во последно време не стивнуваат низ медиумите кај соседните држави покажа и најавата на новинарката во синоќешното централно издание на вестите на грчката телевизија Антена која потенцира – Кулминираат Скопјаните, дами и господа, не само на политичко и дипломатско туку и на спортско ниво. Грција  инаку беше суспендирана од Европското првенство кое се одржува во Скопје
 По ова и Грчко Катимерини денеска напиша дека Грција и БЈРМ се соочуваат со проблеми од почетокот на 90-тите и дека Атина инсистира дека со името “Македонија” соседите инхерентно сугерираат на територијални амбиции надвор од постојните граници на својот сосед во северната грчка провинција со исто име.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top