Златко Теодосиевски, кој има улога на специјален советник во министерството за култура, како што сведочат вработените во ресорот, и кој јавноста го знае како еден од низата вулгарни сејачи на омраза преку колумни на Плусинфо на Бранко Героски, напиша нов текст во кој плука по музејот споменик на македонската музичка икона Тоше Проески:
„…тоа веќе можевме да го имаме ако застаневме решително, како струка но и како нормална јавност, против расипничкото трошење пари за некакви смешни инстант музеи од типот на спомен куќата на Мајка Тереза (па и тоа ни беше малку па сега правиме и „објект со скулптурална композиција“ за нови 5,6 милиони евра), па – ни мање ни више – цел Музеј на Тоше Проески, па разноразни споменици и колонади“
Покрај плукањето по музејот во кој е овековечено делото на Тоше Проески, гневниот Теодосиевски, какви што се впрочем сите новоназначени култураши, има проблем и со тоа што Македонија реши да и оддаде голема почест на најпознатата Скопјанка во светот, нобеловката славена од стотици милиони луѓе за својата хуманитарна активност, Мајка Тереза.
Прашањето кое има лесен одговор е зошто Теодосиевски има проблем со делата на Тоше или Мајка Тереза. Одговорот е едноставен и може да го прочита секој кој го видел неговото CV.
Инаку Теодосиевски е советник на министерот Роберт Алаѓозовски кој прави вистински хајки и политички прогон со фашизоидна реторика, бркајќи луѓе од работа само затоа што не се од неговата партија, иако многу успешно ги водат воите институции.
Алаѓозовски неодамна формираше и совет за култура во кој членува сопругата на Теодосиевски, Гена, а го раководат Ѓунер Исмаил, Мирослав Грчев и Владе Милчин. Сите овие луѓе досега најавувале рушење и минирање на спомениците на македонските херои и државност поставени во последните години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст