| четврток, 6 декември 2018 |

Следната недела владата на Заев со ново задолжување на домашниот пазар од 32,5 милиони евра

Владата следната недела планира да се задолжи за 2 000 000 000 денари или 32,5 милиони евра. На 8 август е закажана аукцијата на државни обврзници, според проспектот за задолжување, од министерството за финансии. Веќе наредниот ден, односно на 9 август по основ на доспеани долгови, државата треба да врати сума во износ од 19, 1 милиони евра. За задолжувањето, се работи за хартии од вредност со рок на враќање од 6 и 12 месеци и 5 години и 15 години.

Станува збор за шест месечни државни записи без девизна клаузула во износ од 150 000 000 денари и каматна стапка од 1, 5% со датум на достасување на 14.02 2018. Потоа аукција на 12 месечни државни записи без девизна клаузула во износ од 200 000 000 со каматна стапка од 1,85 % и датум на достасување на 08.08. 2018. Аукција на 5 годишни државни обврзници со девизна клаузула во износ од 450 000 000 денари, каматна стапка од 2,5% и датум на достасување 10.08 2022, аукција на 15 годишни државни обврзници со девизна клаузула , во износ од 1 200 000 000 денари со каматна стапка од 3,80% и датум на достасување 2032 година.

Досега Владата ја задолжи државата за околу 70 милиони евра, иако во минатото додека СДСМ беше во опозиција жестоко критикуваше за задолжувањата, како на домашниот така и на странските пазари. Тие и во предизборната кампања велеа дека државата е презадолжена и ветуваа дека нема да има нови задолжувања.

Од ВМРО ДПМНЕ пак обвинија дека со ребалансот на Буџетот се предвидува зголемување на задолжувањето за 150 милиони евра повеќе од планираното..

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top