Грчкиот министер за надворшени работи Димитрис Аврамопулос, во интервјуто за весникот „Real news“, вели дека Грција сака решение кое би ги задоволило цврстите национални позиции и кое ќе ги почитува историјата и културата на секоја земја и ќе ги зацврсти регионалната стабилност и безбедност. Во изјавата која ја пренесе Канал 5 се вели дека „турнејата на Нимиц, е резултат на грчката иницијатива за потпишување меморандум меѓу двете земји, кој ја поставува рамката за решение“.
Медијаторот ќе пристигне во Атина утре вечер а средбите со грчкиот државен врв ќе се одржат ден подоцна на 9-ти Јануари. Нимиц во Скопје пристигнува наредниот ден откако предходно можеби ќе се сретне со премиерот Самарас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.