Српскиот бизнисмен Богољуб Кариќ ѝ понудил на холивудската актерка Џулија Робертс да глуми во филм за неговото семејство. Се работи за филм кој сè уште е во претпродукција, а ваквата информација ја потврдил самиот Богољуб Кариќ.
„Преговараме. Една од идеите е Џулија да ја толкува улогата на мојата сопруга Миланка и покрај тоа што Миланка претпочита ролјата да ѝ припадне на Катрин Денев или Шерон Стоун. Во тој случај Џулија би ја глумела снаа ми Маријана“, открива Богољуб Кариќ за белградски „Новости”. Буџетот за филмот е пет милиони евра.
Семејството Кариќ важи за едно од најбогатите во Србија. Тие беа мнозински сопственици на првата компанија за мобилни телефони во земјата, „Мобтел”, и имаат бизнис-врски со руски конгломерати. Богољуб Кариќ беше близок и со поранешниот српски претседател Слободан Милошевиќ. Џулија Робертс минатата седмица престојуваше во Белград заедно со своето семејство. Се говори и дека нејзиниот сопруг, сценаристот и режисер Даниел Модер, работи на проект во Белград.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст