| четврток, 6 декември 2018 |

Дачиќ: Ако не добиеме датум ќе значи дека ЕУ не измами

Премиерот на Србија Ивица Дачиќ изјави дека Србија ќе биде измамена ако не добие датум за преговори со Европскаа Унија на 28 јуни.

–          Тоа за нас не е прифатливо и тоа може сериозно да го загрози реализирањето на бриселскиот договор, изјави Дачиќ коментирајќи ја изјавата на шефот на делегацијата на ЕУ во Белград Венсен Џерар дека Србија сега ќе добие само „зелено светло“.

Дачиќ рече дека недобивањето датум за Србија нема да биде прифатливо.

–          Тоа зелено светло… ние не сме сообраќајци. Нас не интересира позитивна одлука на ЕУ. Ако тоа не го добиеме, мислам дека сме измамени. Нас не интересира само позитивна одлука на ЕУ, онаква каква што вети унијата. Се договоривме- бриселскиот договор, имплементација на тоа што е договорено и носење позитивни одлуки за почеток на преговори со ЕУ. Ако биде поинаки, Србија тоа нема лесно да го прифати. Ако сега после се, не заслужиме таква одлука не знам кога ќе ја добиеме, рекол Дачиќ и порачал дека негативната одлука може „сериозно да го загрози“ спроведувањето на бриселскиот договор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top