| четврток, 6 декември 2018 |

Во Србија е прогласена црвена фаза

Поради високата температура, на целата територија на Србија денеска е прогласена „црвена фаза“, јави Танјуг.

„Црвената фаза“ означува предупредување за температура повисока од 38 Целзиусови степени, што можат да бидат штетни по здравјето на луѓето, како и да предизвикаат пожари.

За в петок и викендот, метеоролозите очекуваат температурата да достигне меѓу 39 и 42 степена. Предупредувањето важи за периодот до 10 август. Потоа се очекува пад на температурата на 30 степени.

Двата шумски пожара во областа на Мионица и кај Неготин, за кои се верува дека настанале поради интензивните горештини, се изгасени.

Жештините инаку го опфатија цел балкански регион. Во вторникот во Босна и Херцеговина е регистрирана и првата жертва – млад човек, на кој му се слошило при трчање, по што почина в болница.

Во Црна Гора и Хрватска, состојбата со пожарите е смирена и под контрола, но тие се сè уште активни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top