Костимите за капење ја следат модата на гардеробата, така што ова лето ќе доминираат класичните модели со триаголници, пуш-ап градници, но и едноделните костими, кои исто така беа актуелни минатата година.
Едноставни и многу секси, едноделните костими за капење се продаваат во најразлични верзии. Освен актуелните модели, модерни се и класичните како што се оние со линии, карнери, цветни дезени… Изборот на бојата останува на вас.
Но, кога станува збор за идеален костим за капење, критериумите се различни. Освен обликот на телото, треба да се обрне внимание и на градите, односно бројот на корпите, посебно кога станува збор за помали гради. Со изборот на боите нема ограничувања. Најмалку им прилегаат црната и сивата боја, а се препорачуваат неонските бои. Шарите и дезените се препорачува да бидат поголеми и повеќе впечатливи.
За оние со мали гради, ако сакате да го истакнете деколтето, одберете костим чии корпи во основа соодветно ги подигнуваат градите. Добар избор се корпите со пуш-ап. Може да одберете и триаголници без корпи.
За жените со облини, црниот едноделен костим беше единствениот избор. Сега тој може да се замени со дводелен костим за капење во интензивини бои, костим на врзување, со карнери, со патент, но и асиметрични модели.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст