| четврток, 6 декември 2018 |

Дел од општина Сопиште утре без струја

Објектот на фабриката за пластика „Дијагоналапласт“, корисниците од село Горно Соње, објектот на Општина Сопиште, викенд-куќите во местото викано Коштан, како и воените објекти над општина Сопиште утре од 9 до 13 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со струја е изведувањето планирани зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипите на ЕВН Македонија АД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top