Третина од населението на ЕУ (32,9 отсто) не можат себе си да си дозволат седум дена годишен одмор, а најсиромашни се Романците и Хрватите, објави европската статистичка канцеларија Евростат.
Најсиромашните држави, односно оние земји кои имаат најмногу жители без материјални можности да одат на море, ги предводи Романија во која 66,6 отсто од луѓето ќе си останат дома.
A на второ место се граѓаните на Хрватска-62,8 отсто анкетирани Хрвати тврдат дека немаат пари за седумдневно патување.
Дома ќе останат повеќе од половина од граѓаните на Бугарија (56,4), Грција (53,6), Кипар (53,5) и Унгарија (50,7 отсто).
Најмногу годишни одмори ова лето ќе имаат Швеѓаните-само 8,2 отсто нема да одат на пат.
На летување одат и многу граѓани на Луксембург, а само 13,1 отсто ќе останат дома, на годишен не одат само 13,7 отсто Данци, 14,2 Финци, 15,4 отсто Австријанци и 16,2 отсто Холанѓанци.
Бројот на Европејци кои не одат на годишен одмор во последните пет години се намалил за 5,1 отсто.
Раст е забележан само на Кипар (5,9 отсто), во Данска (3,2 отсто) и Грција (2,4 отсто).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст