| четврток, 6 декември 2018 |

Срамен пораз: Македонија избегна дебакл, Косово испиша историја

Кошаркарската репрезентација на Македонија прертпе срамен пораз од Косово на стартот од претквалификациите за СП 2019 година и при тоа им овозможи на домаќините да испишат историја извојувајќи ја првата победа во репрезентативните настапи на оваа земја.

Катастрофалната игра на македонските кошаркари не доведе до ситуација да се спасуваме од вистински дебакл, но за среќа играчите се разбудија во последната четвртина, па од минус 20 завршија на само минус 4. Сепак, будењето беше задоцнето и недоволно за пресврт па така на крајот резултатот беше 72-68 за домаќините.

Сега ни останува да се надеваме дека во Скопје ќе успееме да извојуваме победа со поголема разлика за да обезбедиме подобар меѓусебен скор.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top