| четврток, 6 декември 2018 |

Тилерсон до Лавров: Ве предупредив дека односите можат да бидат уште полоши

 

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон изјави дека го предупредил раководството на Русија за односите меѓу Вашингтон и Москва дека се лоши но и дека можат да бидат уште полоши.

Како што вели Тилерсон, тоа сега и се случило.

  • Му реков на претседателот Владимир Путин кога го видов во Кремљ во март и му кажав повеќе пати на министерот Сергеј Лавров – ситуацијата е лоша, но верувајте ми, може да биде уште полоша и токму тоа се случи, рекол Тилерсон.

Тој додал дека ни претседателот на САД Доналд Трамп ни тој не се многу среќни со одлуката на Конгресот да изгласа санкции за Русија, но се укажува дека тој закон ќе се потпише и ќе се работи согласно законот.

Тилерсон исто така укажал дека Американците ги поддржуваат настојувањата на администрацијата на Трамп да воспостави подобри односи со Русија.

Мислам дека американскиот народ сака двете најмоќни нуклеарни држави на светот да имаат подобри односи, рекол првиот човек на американската дипломатија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top