| четврток, 6 декември 2018 |

Живата во термометарот преминува над 41 степен – еве кога нѐ очекува дожд

Продолжува периодот на претежно сончево и многу топло време.  Во поголем дел од земјава максималната температура ќе достигнува над 35, а на места вдолж Повардарието ќе надмине и 40 степени. Особено топло ќе биде во деновите од викендот, кога максималната температура во најтоплите региони ќе достигне до 42 степена. УВ индексот ќе биде многу висок со вредност 9.

Според прогнозираните температури, денес подрачјето на Македонија ќе биде во жолта, а утре Северновардарскиот и Охридско-Преспанскиот регион во портокалова фаза.

Од среда се очекува мал пад на температурите и појава на локален дожд и грмежи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top