| четврток, 6 декември 2018 |

Ги насмеа сите: Црногорскиот премиер направи гаф за време на средбата со Пенс

Гафот на црногорскиот премиер, Душко Марковиќ, кој стана популарен на Интернет просторот во мај, кога беше истуркан од претседателот на САД, Доналд Трамп на самитот на НАТО, денеска предизвика насмевка кај американскиот заменик-претседател Мајк Пенс, кој е во посета на Подгорица.

Говорејќи за метото на кое ќе се одржи средбата на балканските лидери во Црна Гора, поддржана од САД, Марковиќ наместо да каже хотелот Хилтон, рече „хотелот Клинтон“.

Марковиќ, додека стоеше до Пенс рече: „Очекувам отворена и конкретна размена на мислења од лидерите на Јадранската повелба на специјалната средба подоцна денеска во хотелот Клинтон“.

Тој не ја исправи грешката, при што предизвика смеа меѓу новинарите, но и кај американскиот заменик-претседател.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top