| четврток, 6 декември 2018 |

Крвав Илинден: Момче избодено со нож на градскиот плоштад во Кичево

Ноќеска околу 03,30 часот на градскиот плоштад во Кичево пред обложувалница во меѓусебна расправија помеѓу С.И. (44) од с.Гарани-кичевско и Ш.И. (23) од с.Србјани-кичевско, С.И. со нож му нанел неколку убодни рани на Ш.И. во пределот на градите.

На повредениот му била укажаната лекарска помош во Медицинскиот Центар-Кичево, по што бил пренесен во Ургентниот Центар-Скопје на понатамошно лекување. Од страна на увидна екипа од ПС ОН Кичево извршен е увид и се работи на целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top