На еден блог кој го води извесен Стивен, осамна текст, кој го заобиколи светот. Причината за тоа е што многу луѓе, всушност, се пронаоѓаат во него!
-Размислував, но никако не можам да си дозволам дадилка и домашна помошничка… Мојата жена е принудена да ја остави работата и во целост да се посвети на куќата и детето. Го храни, му менува пелени, го теши кога плаче… но тоа е само почеток!
Да, таа е мајка и природно е да се грижи за своето дете, но размислете колку пари мора да дадат мајките кои, поради работата, не можат!“
Стивен дури и пресметал колку на годишно ниво би чинело се` што неговата сопруга извршува:
Просечна заработка на дадилка – 705 долари неделно, 36.660 годишно.
Чистење на куќата – 50 до 100 долари секој пат, или 5.200 годишно.
Купување намирници – 65 долари секој пат, 4 пати неделно, или 13.520 годишно.
Готвење – 240 долари неделно, 12.480 годишно.
Финансиски помошник (располагање со буџет, плаќање сметки) – 15 долари на час, 5 часа неделно, 3.900 долари годишно.
Организација на собирање на семејството – семејни ручеци и др – 75 долари на час, 4 часа, 3 пати годишно, вкупно – 900 долари годишно.
Перење облека – 25 долари неделно, 1.300 долари годишно.
Вкупната сума годишно изнесува 73.960 долари!
-Чувствувам срам, бидејќи некое време ништо немам купено за неа. Се чувствувам неугодно бидејќи таа цело време мислеше дека премногу троши и сите наши приходи ги фрла залудно.
-Таа ме сака мене и нашиот син, секако без никаква парична надохнада! Меѓутоа, мораме да замислиме за тоа дека нивната работа објективно вреди многу повеќе.
-На овој чуден начин, сакав да изразам длабока почит. Таа вреди повеќе од секој скапоцен камен на светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


