| четврток, 6 декември 2018 |

Дејли телеграф: Почина принцот Филип

Британски „Телеграф“ по грешка, објави дека умрел принцот Филип, сопругот на британската кралица Елизабета Втора, пренесува Индепендент.
„ВНИМАНИЕ, ВНИМАНИЕ, ВНУМАНИЕ, принцот Филип, војводата од Единбург, почина на XX години“, гласел насловот во „Телеграф“.

Во непотполниот текст се наведува дека новостите ги соопштила Кралската палата во Лондон.
„Принцот Филип, кого кралицата го опиша како нејзина сила и поддршка за време на нејзиното владеење, почина XXXXXXX.

Дополнителни детали

Принцот ќе биде погребан во согласност со своите желби, а кралската церемонија ќе биде организирана за седум дена“, пишувало во веста.

Иако веста е брзо избришана, а место неа соопштено е дека принцот Филип се повлекува од јавноста, по интернет сè уште кружат снимки од екран на кои се гледа грешката.

Ова не е прв пат да се извести по грешка дека починал принцот Филип.
Порано госинава и магазинот “San” објави вест со наслов „Принцот Филип почина во 95 година“…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top