Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина од Брисел ќе побараат помош за да се дејствува на Хрватска, која ги зголеми увозните давачки за овие земји за овошјето и зеленчукот.
Особено за увозот од Македонија, Србија и Босна и Херцеговина, според промените во инспекцискиот надзор, наместо 12 евра, ќе се наплаќа по 270 евра за контрола на поединчниот производ, што значи дека ако во еден камион се превезуваат повеќе врсти на овошје или зеленчук, увезувачите ќе плаќаат поединечно за секое од нив, што практично го отежнува увозот во Хрватска од земјите од Балканот кои не се дел од ЕУ.
Први за ова реагираа Србите, кои рекоа дека Хрватска го крши договорот за стабилизација меѓу ЕУ и Србија.
Според српските медиуми, следни власти кои ќе рагираат се останатите погодени од оваа одлука на Хрватска, меѓу кои и Македонија.
Македонските власти иако се уште не се огласиле, понеделник ќе се состанат во Сараево со своите колеги за да разговараат за вонцаринските бариери за увоз на земјоделски производи што ги воведе Хрватска.
– Овие мерки не се во духот и формата на Спогодбата за стабилизација и асоцијација. Како одговор на тие нивни мерки, БиХ, Србија, Македонија, Црна Гора, Албанија и Косово упатија допис и апел до Европската комисија, на рака на генералниот директор за трговски прашања, во кој бараме да се запре некоректното однесување на оние кои донесуваат вакви правила. Утринава тој заеднички допис го доставивме. Сметаме дека нешто ќе постигнеме, изјави вчера потпретседателот на надворешнотрговската комора на БиХ, Бруно Бојиќ.
Инаку Хрватска е најзначајниот трговски партнер на БиХ, па така оваа одлука може да има сериозен импакт токму врз Сараево.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст