| четврток, 6 декември 2018 |

Делагација на Град Скопје положи цвеќиња по повод Илинден

По повод големиот македонски државен празник 2 Август на кој се одбележува 73-годишнината од одржувањето на АСНОМ и 114-годишнината од Илинденското востание, делегација на Градот Скопје денеска на повеќе места положија цвеќиња.

Делегацијата на Град Скопје, составена од градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и секретарот Марјанчо Тодоровски положија цвеќиња пред споменикот на АСНОМ во паркот „Жена борец“, пред споменикот на Никола Карев пред Собранието на Република Македонија и пред споменикот на Методија Андонов Ченто на плоштадот „Македонија“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top