| четврток, 6 декември 2018 |

Барселона потврди дека Нејмар заминува

Бразилскиот фудбалер Нејмар, во вторникот вечерта, се вратил во Барселона, но наредниот ден не се појавил на претпладневниот тренинг. Според агенцијата АФП, челниците на Барселона го потврдиле трансферот на Нејмар во ПСЖ.

Нејмар 37 минути бил во тренинг центарот на Барселона, АФП тврди дека ги известил соиграчите за трансферот во ПСЖ, а Барселона на својот профил на „Твитер“ објави дека фудбалерот добил дозвола од тренерот Ернесто Валверде да не тренира додека не го реши прашањето околку својата иднина.

Бразилецот во ПСЖ би требало да се пресели за рекордни 222 милиони евра.

Претходно одредени медиуми пласираа информација дека раководството на шпанската лига (Ла Лига) ќе го блокира трансферот, но не успеале да ја остварат намерата.

Доколку Нејмар потпише за ПСЖ, тогаш францускиот клуб ќе мора до 31 јануари 2018 година да продаде фудбалери во вредност од најмалку 110 милиони евра за да може да го испочитува финансискиот фер-плеј на УЕФА, во спортивно ќе биде казнет.

Поради тоа се шпекулира дека целиот трансфер ќе го реализира компанијата во чија сопственост е ПСЖ, а потоа Бразилецот сам ќе ја плати откупната клаузула.

Нејмар (25) во Барселона пристигна од Сантос во 2013 година. Тој минатата сезона постигна 20 голови на 45 одиграни натпревари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top