Владина делегација предводена од вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев положисвежо цвеќе во меморијалниот центар на Пелинце.
Во државотворната историја и континуитет на еден народ, декларациите, документите, усвоените одлуки и резолуции, се важен момент. Но, она што е уште поважно се визионерските принципи, идеали и идеи врз основа на кои државотворноста се претвора во жива приказна, во код со кој ќе се идентификуваат сите граѓани со државата што се создава како заедничка за сите, порача денеска од Пелинце вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.
Во обраќањето по повод Илинден, Анѓушев апелира да ја градиме Македонија како граѓанска држава, слободна татковина на сите граѓани и на сите етнички заедници.
– Денеска, кога со сета почит и достојно се сеќаваме на државотворните настани на двата Илиндена во 1903 и во 1944, од перспективата на оваа 2017 година, неминовно е да се соочиме со фактот дека треба да ја прифатиме државотворната агенда на концептот за Македонија која не повикува, потенцира вицепремиерот.
Според него, се менуваат и треба да се менуваат владејачките гарнитури во една демократска земја. Но, она што треба и мора да биде заедничко за сите, е чесната намера и посветената работа за доброто на сите граѓани.
– Со игнорирање не може да се реши ниту еден проблем. Граѓаните на Република Македонија ги утврдија и се определија за сопствените стратешки цели – членството во НАТО и Европската Унија, соодветно на современите прифатливи безбедносни и економски концепти. Бевме предолго надвор од тие текови. Дел од причините беа објективни, но дел од проблемите се генерираа и од внатре. Се доведовме во ситуација кога можеме да кажеме дека веќе воопшто немаме време за чекање. Изминатите години што се непосредно зад нас, не можеме да ги вратиме, ама затоа времето пред нас мораме умно, храбро и посветено да го искористиме, нагласи заменик-претседателот на Владата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст