| четврток, 6 декември 2018 |

Претседателот Иванов положи цвеќе пред спомениците на АСНОМ и на Никола Карев

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска, по повод Илинден, положи цвеќе пред спомениците на АСНОМ во паркот „Жена борец“ и на Никола Карев пред Собранието на РМ.

Иванов од тука се упати кон споменикот на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ Методија Андонов-Ченто во центарот на Скопје каде се очекува да има обраќање.

Пред спомениците на АСНОМ и на Никола Карев цвеќе положија и владини министри, делегации на АРМ, Град Скопје, Сојузот на борци, Народната банка, амбасадори, претставници на политички партии.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top