
Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и топло со слаб до умерен североисточен ветер. Утринската температура ќе се движи од 11 до 20, а дневната од 32 до 39 Целзиусови степени.
Во Скопје слично време, утринската температура ќе достигне до 19, а дневната до 39 Целзиусови степени.
Во поголем дел од земјава максималната температура ќе достигнува и повеќе од 35, а на места долж Повардарието ќе надмине и 40 Целзиусови степени. УВ индексот ќе биде многу висок со вредност 9.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


