| четврток, 6 декември 2018 |

Македонски државјанин загина утрово во иста сообраќајка како онаа во која настрада Тоше

Во несреќата што се случи утрово загина 40-годишен македонски државјанин, кој бил совозач, а неговиот 64-годишен татко е пренесен во болница во Славонски Брод.

Сообраќајката се случила во 4.10 часот на автопатот А3 на 163-тиот километар кај Нова Градишка.

Автомобилот „мерцедес“ со швајцарски регистарски таблички се движел во правец кон Загреб кога престигнал камион со српски таблички и се забил во него. Се претпоставува дека автомобилот се движел со брзина од 160 километри на час, а најверојатно возачот заспал.

Хрватските медиуми ја пренесуваат изјавата на обвинителот Фрањо Копуниќ дека станува збор за речиси иста сообраќајна несреќа како онаа во која загина Тоше Проески во 2007 г. Сообраќајката не само што се случила на истото место и под исти околности, туку и камионот бил идентичен со оној во кој се заби туарегот на Тоше.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top