Покрај пожарот кој вчера од атарот на селото Требовље кај Македонски Брод, се прошири и внатре во селото во Македонија избија уште три нови пожари.
Според информациите од МВР, вчера од Требовље биле евакуирани 28лица
Вчера околу 11 часот над скопското село Грачани од засега непознати причини настанал пожар, во кој била опожарена нискостеблеста шума. Пожарот се ширел кон куќите и бил на околу 300-400 метри од истите.
Третиот пожар во Македонија во кој биле опожарени викенд куќи избил во местото викано „Рупа“ во село Брезница. Известена била Бригатадата за противпожарна заштита, пожарот не бил локализиран и се ширел. За среќа во куќите кои биле опожарени немало луѓе.
Нискостеблеста шума горела вчера околу 21:15 и на планината Жеден, над селата Ротинце и Копанце. Пожарот кој избил таму се ширел кон селото Радуша.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


