| четврток, 6 декември 2018 |

Кривична пријава за администраторка во Комисија за конзилијарно мислење

Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против Ј.Ѓ.(31) од Скопје, осомничена за продолжени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „фалсификување или уништување деловни книги“ кои ги извршила од 1 јануари 2016 до 28 февруари 2017 во својство на администратор во Градската општа болница „8 Септември“-Скопје.

Како што соопшти МВР, во наведениот период таа како администратор во Комисијата за издавање конзилијарно мислење со наод за остварување на правото на паричен надомест за помош и нега од друго лице, на 230 пациенти им овозможила да извршат преглед кај Комисијата, без да приложат доказ за извршената уплата на партипацијата за конзилиријарен преглед – каса-прими во износ 1.200 денари.

– Со наведените дејствија пријавената го оштетила Буџетот на Градска општа болница „8 Септември“ Скопје во вкупен износ од 276.000 денари, информира МВР во дневниот Билтен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top