| четврток, 6 декември 2018 |

Стевананџија: Договорот со Бугарија ќе се преиспита од идната влада на ВМРО-ДПМНЕ

Пратениците најавуваат борба против црниот договор со Бугарија. Пратеникот Димитар Стевананџија вели дека тој ќе се преиспита кога ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати на власт.

-Јас како народен пратеник ќе се борам договорот со Бугарија да се преиспита од идната влада на ВМРО-ДПМНЕ. И тоа ќе дојде многу побрзо, во согласност со сите процени, не повеќе од 18 месеци од денешниот ден, црн во историјата на Македонија. Но за тоа потребен ни е народот, да нè поддржи, уште помасовно, за да ја сочуваме државата – напиша Стевананџија на својот профил на „Фејсбук“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top