Високите температури кои се најавуваат за оваа недела, но и традиционалното одбележување и прослава на претстојниот празник Илинден, се очекува дополнително да го зголемат интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини и кон граничните премини. Според досегашното искуство, фрекфенцијата на возила е најголема на патниот правец кон Крушево каде што традиционално се одржува централната прослава на празникот, но и кон излетничките места, езерата и планините.
Статистичките податоци за овој период од годината, во континуитет, години наназад, покажуваат дека во летниот период двојно се зголемува црната статистика на патиштата ширум земјава, односно двојно се зголемува бројот на сообраќајни незгоди и двојно се зголемува бројот на загинати и на повредени лица во сообраќајни незгоди. Податоците со кои располага РСБСП, од минатите години, велат дека посебно кобен за возачите на македонските патишта е празникот Илинден.
Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, во пресрет на претстојниот празничен неработен ден, апелира до сите учесници во сообраќајот -дабидатмаксималноодговорни и внимателни, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да ја прилагодат брзината спрема поставените ограничувања и кон условите на патот.
-Задолжително почитувајте ја патната сигнализација, сообраќајните знаци, поставените семафори, поставената сигнализација која укажува за патен правец на кој се извршува градежна работа, реконструкција на патот или на дел од патот на кој има можност од појава на поголем одрон. Почитувајте ги сообраќајните правила и прописи, без исклучок. Во моментов на неколку поголеми патни правци низ републикава се изведуваат градежни работи кои на некој начин го отежнуваат движењето на возилата и одвивањето на сообраќајот и доколку не се почитува сигнализацијата, може да дојде до сообраќајна незгода, велат од РСБСП.
Особено бидете внимателни на патниот правец од Стража кон Охрид каде сообраќајот се одвива со привремен сообраќаен режим и со зголемена фрекфенција на возила.
Гужвата и жештината може да предизвикаат нервоза и раздразливост кај возачите, но агресивното однесување, брзите и непромислени реакции зад воланот и донесената погрешна одлука, многупати се причина за сообраќајни незгоди кои неретко го менуваат животот на луѓето.
Осбено вниманителни треба да бидат помладите и понеискусни возачи на деловите од патот кои не им се доволно познати или не им се прегледни. Воедно, треба да бидат трпеливи, толерантни и желбата за докажување и покажување да ја остават за на некое друго поле.
Според досегашното искуство, ако ги исклучиме алкохолот, брзото возење и агресијата на патиштата, а се придржуваме кон безбедно растојание меѓу возилата, прописно престигнување и толерантност кон останатите учесници во сообраќајот – секогаш ќе пристигнуваме безбедно на посакувата дестинација.
Токму затоа, крајно време е да се освестиме, крајно време е секој учесник во сообраќајот да го преземе својот дел од одговорноста, крајно време е да изградиме личен пристап и дададеме личен придонес за поголема безбедност на сообраќајот на патиштата, пристап кој ќе биде позитивен пример за другите учесници во сообраќајот.
Крајно време е да кажеме СТОП за насилната смрт на патиштата и да бидеме позитивен пример за другите учесници во сообраќајот!
РСБСП ви посакува среќни празници, добар одмор и секој од вас безбедно да пристигне на посакуваната дестинација. Не дозволувајте деновите наменети за уживање, одмор и релаксација да се претворат во трагедија. Возете одговорно!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст