Претседателот на Република Македонија по повод 2-ри Август, Националниот празник на Република Македонија, помилува триесет и пет осуденици кој се на издржување на казна затвор во Идризово. Од нив, како што дознаваме, тројца се затвореници кои во затворот во Идризово одлежуваат казна за убиство, а останатите се за кражби, разбојништва и измама. Според листата на имиња, помилуваните осудени за убиство од претседателот Иванов се Џевџет Камбери, Марија Зорбовска Ѓеоргиева и Милан Ивановиќ кои се ослободуваат од издржување на казната од по три месеци, објави МКД.мк .Дваесет осуденици, меѓу кои и оние за убиство, добиле помилување од по 3 месеци, девет од по четири месеци и шест осуденици се ослободуваат од издржување на затворска казна од по половина година.
Осуденикот Камбери беше бегалец по кого полицијата трагаше шест месеци за убиство на неговиот внук. Џевџет Камбери казна затвор во Идризово одлежуваше за убиство кое го извршил во ноември 2008 на скопски Бит Пазар кога го убил својот внук Исљам Ајдиновски (30) со неколку истрели од пиштол. Тој шест месеци беше во бегство, по што полицијата го фати и во разговор со полицијата, чичкото признал дека пукал и го убил внукот.
Меѓу имињата на листата на оние со намалување на казната од по шест месеци се и Ангел Пецов и Љупчо Темов, осуденици од случајот “Керозин” за нелегелна продажба на нафта.
Семејството Пецови од Неготино беа главните осомничени во случајот Керозин, а Љупчо Темов беше обвинет како возач на цистерните.
Со првостепената пресуда, првообвинетиот Ангел Пецов доби казна затвор од 12 години, неговата сопруга Мариче Пецова 11 години затвор, додека на нивниот син Љупчо Пецов му беше изречена 9-годишна затворска казна. Со пресудата на Апелација, на Ангел Пецов затворската казна му беше намалена на 9 години, додека на Мариче Пецова – на 7 години. Тие се осудени за делата злосторничко здружување и злоупотреба на службената положба и овластување, затајување данок и давање поткуп.Темов со првостепената пресуда доби седум и пол години затвор, а Апелацискиот суд ја потврди оваа одлука.
Мариче Пецова сопругата на Ангел Пецов кој е меѓу помилуваните за 2-ри Август, доби делумно помилување од претседателот по повод Нова Година. Според тие податоци, Пецова пред шест месеци доби помилување од половина година од претседателот Иванов. По нивниот син Љупчо кој исто така одлежуваше казна во Идризово, МВР пред некое време распиша потерница бидејќи со одлука на тогашниот министер за правда Пецов добил прекин на казната поради здравствени причини. Но, по истекот на прекинот кон средината на јули годинава, тој ниту го оправдал натамошното отсуство, ниту пак некого известил каде е. Откако МВР не успеа да го најде за да го врати на доиздржување на затворската казна, распиша потерница по Љупчо Пецов, синот на помилуваните Мариче и Ангел Пецови, објави МКД.мк
Останатите помилувани од листата за оваа година за втори Август се:
Даме Најдовски, Рамиз Зеќири, Имер Ајрединов, Наталија Христовска, Раман Соколовиќ, Дарко Валканов, Африм Ислами, Авни Ислами, Рамо Арслановски, Иван Андоновски, Лазар Бзрилов, Антонио Ибраим, Самир Сабриоски, Љупчо Јовевски, Владимир Петковски, Демир Јакупи и Демуш Мјаки кои добија помилување од по три месеци.
По четири месеци помилување претседателот Иванов им даде на Неат Мефаил, Иван Јовановски, Зибер Имер, Илчо Михајловски, Костадинка Алиева, Наташа Попов, Јорданчо Ацевски, Емил Бразев и Спаско Ташев. По шест месеци ослободување од издржување на затворска казна за 2-ри август освен Темов и Пецов добија Ќанија Азировиќ, Ајдин Хајдиновски, Меџди Јусуфи и Азис Исмаилов.
Листата на осуденици кои се помилуваат од претседателот ја разгледува Комисијата за помилување, кое е работно тело на Претседателот на Република Македонија и е составена од единаесет членови, од кои еден е претседател на комисијата.
Комисијата за помилување работи на седници кои ги свикува Претседателот на Комисијата по сопствена иницијатива и врз основа на заклучокот на Комисијата.
Комисијата на седницата ја разгледува поединечно секоја молба за помилување и дава мислење по сите предлози што ги поднел министерот за правда и по предлозите за помилување што ги поднел по службена должност. Своето мислење комисијата го утврдува со мнозинство гласови од присутните членови.
При подготвувањето на предлозите Комисијата се води по следните критериуми: природата, видот и тежината на извршеното кривично дело; личноста на осудениот и неговиот поранешен живот, поведението на осуденото лица по осудата и за време на издржувањето на казната, односот спрема извршеното кривично дело, поранешната осудуваност, постигнатиот степен на ресоцијализација, возраста и здравствената состојба на осудениот и неговите семејни прилики; влијанието на актот за помилување врз средината од каде што го извршил кривичното дело; возраста на извршителите на кривични дела; и за осудените жени се зема предвид дали се тоа мајки на малолетни и незгрижени деца.
Предлозите и мислењата членовите на Комисијата ги доставуваат до Претседателот на Република Македонија кој ја донесува конечната одлука. Претседателот на Република Македонија дава помилување на поединечно определени лица за кривични дела предвидени со законите на Република Македонија, согласно со одредбите на Кривичниот закон и одредбите на Законот за помилување.
Претседателот на Република Македонија со помилување дава ослободување од гонење, или потполно или делумно ослободување од извршување на казната, ја заменува изречената казна со поблага казна или со алтернативни мерки, или определува бришење на осудата, или ја укинува, односно определува пократко траење на определена правна последица од осудата или на казната.
Помилување не може да се даде на лица осудени за кривични дела против изборите и гласањето, кривични дела против половата слобода и половиот морал, кривични дела сторени спрема деца и малолетни лица, кривични дела против здравјето на луѓето, кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од членот 215 и кривично дело овозможување на употреба на наркотични дроги од членот 216 и за кривични дела против човечноста и меѓународното право.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст