Го читав Павле Богоевски на „Либератас“. Леле, кој очај!, ова на својот ФБ статус го пишува членот на Левицата Здравко Завески.
Тој понатаму вели: ОК, знаевме дека се борите за фотелји и борбата за принципи ви беше само за да се докопате до фотелјите, ама дека толку брзо и толку отворено ќе ги баталите принципите, е тоа и мене не ми се веруваше.
Инаку пратеникот Павле Богоевски ги нападна своите како што тој сам ги нарекуваше соборци затоа што се пожалија дека биле приведени од полицијата бидејќи држеле парола. За овој негов потег со реакција излезе и професорката Билјана Ванковска.
-Кога НВО активист ќе стане власт се претвора токму во она против што се борел. Сега не е Отпор, ама затоа е естаблишмент. И после кажете дека јас сум поим на релативизатор! Ма, јас сум аматер и непрофитер, овие се махери и профитери, пишува во статус на Фејсбук Билјана Ванвковска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст