| четврток, 6 декември 2018 |

27- годишното момче починало во сопствениот двор

Дваесет и седумгодишен жител на скопското село Црешево вчера на улицата „Христијан Тодоровски-Карпош“ во Скопје, при уредување дворна површина со рачен компресор, паднал на земја и починал.

МВР соопшти дека Р.М. (27) веднаш бил пренесен во Поликлиниката Чаир, а од таму со возило на Итна медицинска помош бил препратен во болницата „Систина“, каде од страна на дежурниот лекар во 16:10 часот била констатирана смрт.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top