Зоран Заев и Бојко Борисов, утре во Скопје ќе го потпишат Договорот за пријателство, добрососедство и соработка.
Како што соопшти владината прес-служба, премиерот Бојко Борисов и државна делегација на Република Бугарија утре доаѓа во дводневна официјална посета на Република Македонија на покана на премиерот Зоран Заев.
Официјалната посета на високата делегација на Република Бугарија ќе започне со пристигнувањето на аеродромот во Скопје на 1 август, во 11 часот и 30 минути.
Официјалната церемонија за добредојде на премиерот Борисов и на членовите на државна делегација на Република Бугарија, со највисоки државни и воени почести, ќе се одржи на платото пред Владата на Република Македонија и ќе започне во 12 часот и 15 минути.
Во рамките на оваа свечена церемонија се предвидени интонирање на државните химни на Република Македонија и Република Бугарија, рапорт на командантот на почесната военагардиска единица, поздрав на знамето на Република Македонија, обиколка на почесната воена гардиска единица и поздравување од страна на претседателот на Владата на Р. Бугарија, како и претставувањето на делегациите на двете земји од страна на премиерите Зоран Заев и Бојко Борисов.
Во 12 часот и 35 минути е предвидена тет-а-тет средба меѓу Зоран Заев, претседател на Владата на Република Македонија и Бојко Борисов, претседател на Владата на Република Бугарија, а членовите на делегациите на Владата на Република Македонија и на Владата на Република Бугарија ќе имаат билатерална средба во 12 часот и 55 минути.
Во 13 часот и 35 минути ќе се одржи церемонијата на потпишување на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија од страна на Зоран Заев, претседател на Владата на Република Македонија и Бојко Борисов, претседател на Владата на Република Бугарија.
Како составен дел на оваа церемонија се и Меморандуми за соработка што ќе се потпишуваат од страна на ресорни Министри за транспорт, односно енергетика и економија, потоа потпишување на Меморандум за соработка помеѓу Министерството за транспорт, ИКТ и комуникации на Р. Бугарија и Министерството за транспорт и врски на Р.Македонија за развојот на железничката инфраструктура и поврзаност помеѓу земјите, како и потпишување Меморандум за соработка во областа на природен гас помеѓу Р. Бугарија и Р.Македонија.
Агендата на официјалната посета на делегација на Владата на Република Бугарија, на Република Македонија, продолжува во 13 часот и 50 минути со изјави за медиумите од страна на претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев и претседателот на Владата на Република Бугарија Бојко Борисов, во Свечената сала на Владата на Република Македонија.
Програмата на посетата на владината делегација на Република Бугарија продолжува со работни билатерални средби на одделни министри на двете делегации.
Предвидени се средби на министерот за транспорт, ИКТ и комуникации на Р. Бугарија, Ивајло Московски, и министерот за транспорт и врски на Р.Македонија, Горан Сугарески (14:20-14:50), средба на министерката за енергетика на Р.Бугарија, Теменужка Петкова и министерот за економија на Р. Македонија, Крешник Бектеши (14:20 – 14:50), средба на министерот за одбрана на Р. Бугарија, Красимир Каракачанов и министерката за одбрана на Р. Македонија, Радмила Шекеринска (14:20 -14:50) и средбата на министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Димитров, со заменик премиерот за правни реформи и министер за надворешни работи на Република Бугарија Екатерина Захариева(14:25-14:50).
Во попладевните часови домаќини на високата државна делегација на Република Бугарија ќе бидат претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери (14:20 – 15:50) и претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов (17:10 – 17:45).
Програмата на официјалната посета на Претседателот на Владата на Република Бугарија на Република Македонија продолжува наредниот ден (среда, 2 август) со заедничко чествување по повод националниот празник Илинден во црквата Свети Спас во Скопје. По тој повод, во 8 часот наутро, премиерот Зоран Заев ќе има свое обраќање по повод празникот на плоштадот пред црквата Свети Спас.
Потоа претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев и претседателот на Владата на Република Бугарија, Бојко Борисов ќе положат венци свежо цвеќе на гробот на Гоце Делчев (08:25-08:50).
Венци свежо цвеќе на гробот на Гоце Делчев ќе положат и останатите членови на делегацијата, по што гостите од Република Бугарија ќе се упатат кон аеродромот „Александар Велики“, стои во соопштението од македонската Влада.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст