Едно од најголемите имиња на светскиот театар, американскиот режисер Роберт Вилсон, ќе ја постави светската премиера на драмското дело „Кој е сопственик на светот” од македонскиот писател Јордан Плевнеш, информираат од Македонскиот народен театар (МНТ).
Во реализацијата на овој меѓународен проект ќе учествуваат, покрај сцената на уметничкиот центар на Вилсон – Вотермил, што се наоѓа на Лонг ајленд – Њујорк и повеќе светски и европски театри. Во Европа, главни партнери на реализацијата на претставата ќе бидат уметничката фондација Национален театар и опера од Монако и МНТ.
Меѓу уметничките соработници на Вилсон, покрај шест актери од МНТ, кои ќе бидат одредени на аудиција, ќе учествуваат и композиторот Горан Трајкоски и скулпторот Жарко Башески.
Премиерата се предвидува во сезоната 2018/2019 година, а претставата ќе има изведби на повеќе сцени во САД и во Европа. Светската премиера на овој меѓународен проект ќе биде на сцената на МНТ.
Во овој голем проект ќе бидат вклучени исклучително врвни соработници и уметници, меѓу кои се асистентот на режисерот Ен Кристин Ромен, сценографката Марија Детеста и костимографот Карлос Сото.
Роберт Вилсон со експерименталниот театар го гради неговиот препознатливиот стил како режисер и драматург, кој медиумите го опишуваат како „непрефинетиот авангарден театар“ во светот. Во текот на неговата богата кариера, работел како кореограф, изведувач, сликар, скулптор, видеоартист и дизајнер на звук и осветлување. Тој е познат по своите соработки со Филип Глас на „Ајнштајн на плажа“ и со многубројни други уметници, меѓу кои и Хајнер Милер, Вилијам С. Бароуз, Ален Гинзберг, Лу Рид, Том Вејтс, Дејвид Брн, Лори Андерсон, Гевин Бриарс, Руф Вајнрајт, Марина Абрамовиќ, Вилијам Дафо, Михаил Баришников, Дарил Пинкни и Лејди Гага.
– За Македонскиот народен театар соработката со овој врвен режисер е од исклучителна важност, и претставува еден од најзначајните проекти во неговото постоење – велат од националниот театар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст