| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија во жолта фаза-температури над 40 степени

Продолжува периодот на претежно сончево и многу топло време, информираат од УХМР.

– Во поголем дел од земјава максималната температура ќе достигнува над 35, а на места вдолж Повардарието ќе надмине и 40 степени. УВ индексот ќе биде многу висок со вредност 9- информираат од УХМР.

Во наредните денови подрачјето на Македонија ќе биде во жолта фаза, а во петок и во сабота одредени региони од земјава ќе ги исполнат условите за портокалова фаза на предупредување од топлотни бранови.

Во сабота кон недела се очекува да има локална појава на краткотраен пороен дожд со грмежи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top