СДС нема намера да работи во корист на граѓаните на Република Македонија. Со не прифаќањето на ниту еден предложен амандман од страна на ВМРО-ДПМНЕ во ребалансот на буџетот на сите им стана јасно дека СДС сака само да истера теснопартиски интереси на грбот на граѓаните, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата велат дека СДС не ја разбира суштината на демократијата.
„Пратениците на СДС ги одбија сите закони предложени од ВМРО-ДПМНЕ кои беа предложени за ребаланс за буџетот. СДС работи само за свој интерес и само во своја корист. Нив не ги интересираат проблемите на над 450.000 граѓани кои својот глас го дадоа за ВМРО-ДПМНЕ. СДС се однесува како Македонија да е нивна приватна фирма. Сите пари од ребалансот на буџетот ги скрои по нивна желба, а не за потребите на граѓаните на Република Македонија. Од незаинтересираноста на СДС да реализира проекти штета ќе имаат сите граѓани“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Додека СДС беа во опозиција, додаваат од партијата, на сите страни се жалеше дека нема демократија и ветуваа транспарентно и одговорно работење.
„Со одбивањето на сите амандмани се покажа дека тоа им беше само предизборна лажна реторика а кога дојдоа на власт веднаш го покажаа нивното вистинско лице. Го повикуваме СДС да ги земат во предвид барањата на граѓаните за решавање на нивните реални проблеми. СДС вети многу, но со кратењата во секој ресор очигледно е дека граѓаните нема да видат ништо од предизборните очекувања“, стои во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст