| четврток, 6 декември 2018 |

Поставил една фотографија на Инстаграм, а тоа го чинело 500.000 евра!

Крадците кои провалиле во куќата на фудбалерот Џон Тери од неа излегле со плен вреден половина милион евра. Од вилата украле дизајнерска торба и накит, а дека куќата е празна знаеле бидејќи поранешниот капитен на англиската репрезентација на Инстаграм се пофалил дека ужива со семејството во Швајцарија.

Сегашниот капитен на Астон Вила како многу познати личности, но и „обичните” луѓе, сакал да ги сподели убавите моменти кои ги поминува со сопругата Тони на Алпите, но може да се претпостави дека меѓу неговите 3,4 милиони следбеници на Инстаграм има и такви кои со задоволство би го ограбиле.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top