Кон крајот на летото оваа година се навршуваат 20 години од смртта на принцезата Дајана во сообраќајна несреќа во париз, нејзината ѕвезда сеуште силно блеска. Она што се промени во меѓувреме е очигледно природата на обожување на спомените на жената која не се снајде најдобро во англиската кралска династија.
Она што порано беше статус на по-ѕвезда, сега, според зборовите на нејзиниот брат, грофот Чарлс Спенсер се претвори во тоа што за 20 години од нејзиниот погреб, сомнителни типови во четири наврати се обиделе да го отворат нејзиниот гроб. Принцезата Даја е погребана на остров среде езерото на семејниот имот Алторп.
-Имавме четири обиди за кражба во нејзиниот гроб во последниве 20 години. Драго ми е пто успеавме да се ослободиме од сите…Надвор има навистина секакви чудаци и најсигурно место за чување е токму тука, рече Спенсер за Радио 4.
Тој не навлегуваше во мотивите на оние кои се обиделе да провалат, а шпекулациите велат дека станува збор за морбидно обожување, преку обид да се дојде до огромна заработка доколку би се продало нешто нејзино, да не зборуваме за делови од телото, па се до тоа дека не е невозможно некои ексцентрични типови со провалувањето во гробот да се обидат да ги докажуваат теориите на завера според кои принцезата воопшто не е погребана на тоа место.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.