| четврток, 6 декември 2018 |

Милан Кучан во интервју за „Побједа“: Брисел не ги познава состојбите на западниот Балкан!

Во интервју за весникот „Побједа“, Милан Кучан, поранешниот словенечки претседател оценува дека покрај Босна иХерцеговина главна невралгична точка на Балканот е Косово, а „проблем останува и Македонија“, како што тврди Кучан.

– Имам впечаток дека Брисел во голема мерка не ги познава состојбите на западниот Балкан, па се стекнува впечаток дека политиката што ја спроведува не е секогаш принципелна, вели Кучан.

Тој оценува дека покрај БиХ, главна невралгична точка на Балканот е Косово, а „проблем останува и Македонија“.

– Единствена земја кој засега успеа да побегне од тој лонец е Црна Гора, додава поранешниот словенечки претседател.

Според Кучан, со инсистирањето на интересот на капиталот, Европа често ги занемарува етичките вредност на кои се темели европската идеја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top