Хрватска е новиот светски првак во ватерполо откако вечерва во финалето славеше над Унгарија со 8-6. Претходно, хрватските „баракуди“ е во полуфиналето го совлада бранителот на трофејот Србија.
За Хрватска ова е прво злато по пауза од десет години, откако стигна до истиот успех во 2007 година во Мелбурн.
Хрватите извонредно го почнаа финалето, добивајќи ја првата четвртина со резултат 4-0. Сепак, потоа унгарската одбрана почна да функционира беспрекорно, „баракудите“ цели 11 минути беа без постигнат погодок, па домаќините стигнаа до 4-4. Чави Гарсија беше човекот на одлука, постигнувајќи два гола во серија за водство од 6-4, предност што Хрватите ја одржаа до самиот крај, до конечните 8-6.
Најзаслужен за големата победа е голманот Бијач, кој со бројни извонредни интервенции ги откажа Унгарците во вечерашната битка за златото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.