Градоначалникот на Дојран, Борче Стамов на денешната панел дискусија истакна дека мештаните најдобро знаат за ситуацијата во Дојран и оти кога на власт е ВМРО-ДПМНЕ во градот има инвестиции, кои пред се се делот на заштита на животната средина.
Кога имаме влади предводени од СДСМ ние сме мало место, немаме доволен број на гласачи, не сме доволно интересни, посочи Стамов.
Вели дека бројката на гласови е иста и кога ВМРО-ДПМНЕ се на власт и кога СДСМ се на власт, додавајќи тоа е многу лоша призма низ која се гледаат работите.
-ВМРО-ДПМНЕ направи еден од најголемите еколошки проекти во Европа, на европско ниво. Да се спаси едно природно езеро не е мала работа, голема инвестиција. Меѓутоа, хидросистемот откако ќе ја исполни улогата на дотур на вода во Дојранското Езеро, нешто што сме при крај, има сосема друга функција, тоа е да служи и за водоснабдување и за наводнување на земјоделските површини од Богданци, па се до Дојран. Ние годинава токму таква потреба имавме и гледаме дека Министерството за животна средина или Владата на СДСМ не може да се справи со така едноставен проблем кој самиот хидросистем е димензиониран. Едноставна операција со вртење на вентили и пуштање пумпи, појаснува Стамов.
Истакнува дека со ова земјоделците се оставаат без вода кога таа им е најпотребна.
-Да се доведе браната Паљурци на работ на егзистенција, односно во мошне лоша состојба е израз на неодговорност и неспособност. Ништо повеќе, ништо помалку, посочи Стамов.
Додаде дека во моментот има доволно вода во Дојранското Езеро, меѓутоа еколошката средина не е вратена на она ниво пред еколошката катастрофа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст