Пожар избувнал денеска околу десет часот во атарот на кавадаречкото село Бегниште.
Раководителот за заштита на шуми при подружницата на „Македонски шуми” од Кавадарци Петко Ристовски информира дека шумски работници и мештани неколку часа се на терен и интервенираат, се со цел огнот да не ги оштети околните лозови насади.
– Пламените јазици зафатија површина со смрека и сува трева. Правиме напори огнот целосно да биде изгаснат, нагласува Ристовски.
Тој вели дека дополнително ќе се знае колкава површина е зафатена од пожарот и висината на материјалната штета. Апелира на внимателност до кавадарчани, се со цел превентивно да се влијае против пожари во време на пеколни горештини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст