В недела, во Охрид, на 30 јули ќе се одржи трка за поддршка на ретките болести. „Бич ран“ е серија на трки која ќе се одржи на пет локации покрај вода во Македонија (Скопје, Преспа, Дојран, Маврово и Охрид) во текот на јули 2017 година, во вид на летна лига во трчање на пет километри. Финалето во Охрид ќе стартува во 10 часот, на 30 јули, во недела, регистрацијата е од 8:30 часот. Настанот се одржува на плажата Бафало.
Организацијата на екипите за поддршка на лицата со ретки болести е во рацете на Гордана Лолеска, мајка која покажа дека секој може да направи многу повеќе за подигнување на јавната свест за ретките болести и за поддршка на семејствата кои се соочуваат со ретка болест. Воедно во Охрид поддршка стигна и од Акватика Дивоно – и едрилици ќе го завеат знамето на ретките болести на трка со едрилици на 29 и 30 јули, додека веќе знамето на ретките болести беше прошетано низ Охридското небо со параглајдер – преку Флај Охрид – Тандем параглајдерство.
„Програмата за ретки болести очекуваме наредна година конечно да се зголеми финансиски со цел да се покријат што повеќе болести, што повеќе пациенти и да има лекови за сите. Секое семесјтво заслужува да добие шанса за подобар живот. Ќе продолжиме заедно со Националната Алијанса за Ретки Болести на Р. Македонија да се бориме за поголеми права за лицата со ретки болести притоа разговарајќи со Министерство за Здравство, со Министерство за Труд и Социјална Политика, со ФЗОМ и секако со сите поврзани институции кои може да направат чекор напред во подобрување на квалитетот на животот на семејствата со ретки болести. Се надеваме дека наредна година нема да има доцнење на тендери и лекови, дека процедурите навремено ќе течат, дека семејствата нема да имаат потреба да собираат хуманитарно средства за да стигнат до лекување“ вели Весна Алексовска, претседател на Здружението на граѓани за ретки болести „Живот со предизвици“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Живот со предизвици“ и „Скопско ноќно трчање“ и годинава ќе трчаат на Скопски маратон за лицата со ретки болести
-
Маратон во Охрид за поддршка на ретките болести: Пациентите не смеат да чекаат на политичарите да одлучуваат, терапија мора да има
-
На Скопски маратон ќе се трча и за пациентите со ретки болести
-
„Отекувам, но не се повлекувам – трчам“ – ХАЕ Македонија и „Живот со предизвици“ на Скопски маратон